Достапни линкови

logo-print

Рускиот регулатор на медиуми го обвини рускиот сервис на РСЕ


Шефот на рускиот сервис на Радио слободна Европа, Јефим Фиштеин

Шефот на рускиот сервис на Радио слободна Европа, Јефим Фиштеин

Руското регулаторно тело за медиуми го обвини рускиот сервис на Радио слободна Европа за кршење на изборниот закон во земјата и пречекорувања на ограничувањата дадени со лиценцата за нивно емитување. Портпаролот на регулаторното тело изјави дека Централната изборна комисија се пожалила дека рускиот сервис на Радио слободна Европа на 13 март, на само еден ден пред изборите објавиле анкета на јавното мислење , со што го прекршиле рускиот изборен закон, пренесува Интерфакс. На тоа реагираше директорот на рускиот сервис на Радиото Јефим Фиштеин , кој вели дека анкетите кои биле цитирани се однесувале на претходните избори а не на тие кои се оджувале на 13 март.
XS
SM
MD
LG