Достапни линкови

Повредени 27 лица на предизборен собир во Турција


Непознат маж денеска стрелал кон учесници на предизборна средба во ресторан во турскиот град Самандаг, при што беа повредени 27 луѓе. Двајца од повредените се наоѓаат во критична состојба. Засега не се познати причините за инцидентот. Меѓу повредените се наоѓа и кандидат за пратеник од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија. Напаѓачот успеал да избега, а полицијата трага по него. Парламентарните избори во Турција се закажани за 12 јуни
XS
SM
MD
LG