Достапни линкови

Меѓународната заедница очекува Република Српска да се откаже од референдумот


Меѓународната заедница очекува Република Српска да се откаже од одлуката, прифатена на 13 април од Парламентот, за организирање референдум, изјави Дороти Јункерс, портпаролот на канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина. „Остана уште малку време за лидерите на Република Српска да размислат за своите дејствија“ додаде Јункерс. Парламентот на Република Српска на 13 април го прифати предлогот на претседателот Милорад Додик за одржување референдум за преашањето дали босанските Срби да продолжат да соработуваат со босанскиот суд за воени злосторства за време на војната во Босна. Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко за ваквиот предлог истакна дека меѓународната заедница нема да дозволи да се поништат компетенциите на Судот.
XS
SM
MD
LG