Достапни линкови

logo-print

Дневен печат - повлечи потегни


Весници, магазини, неделници, печат...

Весници, магазини, неделници, печат...

Демолирањето на изборни штабови, конфузијата со избирачкиот список, гласањето на дијаспората - дел од темите во дневните печатени изданија.

Ситуацијата повлечи-потегни во врска со претстојните вонредни ибори продолжува. И ако по утрото се познава денот, нема да биде многу розово до самиот ден и на самиот 5-ти јуни. Медиумите почнаа да објавуваат вести за разбиени изборни штабови на СДСМ и на Обединети за Македонија во некои општини во Скопје и во некои села. Во објавувањето предничи А1 ТВ која изгледа најжурно го следи ова.

Нова Македонија пишува за „Партиска изборна окупација на дијаспората“, поточно дека сите поголеми партии, освен по шесте изборни единици во државава, се растрчани на терен и во трите дополнителни единици во дијаспората.

Утрински пишува и за тешкотиите на МНР за огласувањето на изборите во Грција и во Кина, како и за тоа дека ОБСЕ уште во сегашниот извештај ја изразил својата загриженост за одвивањето на предизборната кампања и за самиот ден на гласање.

Дневник јавува дека продолжува конфузијата со избирачкиот список, за кој надлежните тврдат дека е прочистен и дека нема малолетни лица во него, но ЛДП и натаму го тврди спротивното.

Вечер ја објави изјавата на Јанкуловска во која таа ги отфрла нападите од Кондарко дека ДИК ја немала потребната помош од МВР и од другите надлежни институции во врска со непереченото одвивање на избирачкиот процес.

Вечер исто така, во својот познат стил насловува: „Црвенковски не ја сака Шеќеринска кај себе, ни ја нуди нам!“, оценувајќи дека нејзиниот избор и тимот што СДСМ го објави на прославата на 20-годишнината на партијата личело на мајтап и на шега.

Изборите, главна тема

Нова Македонија, покрај некои електронски медиуми, ја објави најновата анкета на агенцијата „Прогрес“, според која СДСМ за околу 1% избил пред ВМРО-ДПМНЕ. 20,3% би гласале за опозициската партија, 19,1% - за ВМРО-ДПМНЕ.

Дневник го објави предупредувањето и истовремено, признанието на Груевски дека секој глас за Бошкоски или Георгиевски било помош за Црвенковски, што некои аналитичари го толкуваат како негов страв од губење на гласовите.

Време објавува сознание од извори од АРМ дека ВМРО-ДПМНЕ ја освојува и војската, поточно дека власта го местела генерал Горанчо Котески за нов началник на Генералштабот на Армијата. Истиот весник објавува дека во март во Буџетот биле собрани 21 милион евра помалку отколку што се потрошени и дека буџетската дупка за три месеци изнесува речиси 60 милиони евра, поради енормните трошења од страна на Владата.

Исто така, Време смета дека Владата го оскврнавела најголемиот христијански празник со тоа што на Велигден премиерот ја предал во употреба завршената арена Филип Втори, користејќи го празникот за партиска промоција.

Нова Македонија, на насловната објавува дека на 1 мај сите ќе оделе на градските плажи покрај Вардар и дека на едната од нив биле поставени и палми!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG