Достапни линкови

Власта направила дивјачки масакар, смета јеменската опозиција


Јеменската опозиција денеска ја обвини власта за масакрирање на демонстрантите во земјата во обид да го саботира планот на персиските земји со кој се очекува смирување на немирите. Еден ден по убиството на 14 про-демократски демонстранти, опозиционерите го осудија, како што го опишаа, „дивјачкиот масакар на власта и милитантите на владеачкото семејство против мирните демонстрации“. Американската амбасада во Сана соопшти дека ескалацијата на насилството пред трансфер на власта во државата е „посебно вознемирувачка“, повикувајки ги сите страни на воздржаност.
XS
SM
MD
LG