Достапни линкови

ЕУ со повик до Белград и Приштина да се воздржат од провокации


Ирина Гудељевиќ

Ирина Гудељевиќ

Мисијата на ЕУ во Косово, Еулекс, ги повика Белград и Приштина да се воздржат од какви било акции кои може да се оквалификуваат како провокации. Портпаролот на Еулекс, Ирина Гудељевиќ не го коментираше тврдењето на косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи дека добил негативен одговор од Еулекс за барањето за одземање на новите српски регистерски таблички со ознаки на косовски градови. „ЕУ е во контакт со Белград и Приштина во врска со тоа прашање и ги повикуваме двете страни да се воздржат од какви било активности кои може да бидат протолкувани како провокација“ изјави портпаролката за Танјуг.
XS
SM
MD
LG