Достапни линкови

ООН: Криза за храна во Либија за два месеци


Во Либија ќе настане криза за храна за два месеци, доколку не се обноват резервите, соопштија денеска од Обединетите нации. Регионалниот директор на Програмата за храна Дали Белгасми рече дека Либија има доволно резерви за да истрае од 45 до 60 дена, по што многу жители на северноафриканската земја ќе мора да штедат на оброци. Според проценките на организацијата, на повеќе од 60,000 жители на Либија им е потребна помош за да се прехранат. Дополнителен проблем, според Белгасми, е иселувањето на 500,000 стрнаски работници, многумина од кои работеле во прехрамбената индустрија.
XS
SM
MD
LG