Достапни линкови

Косово не може да добие имот од СФРЈ ?


Горан Богдановиќ

Горан Богдановиќ

Српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ изјави денеска дека барањето на Приштина за враќање на имоти од поранешните југословенски републики, е одговор на косовските власти за притисокот од опозицијата, заради почетокот на преговорите со Белград. Од косовската Влада соопштија дека Приштина ќе побара враќање на 172 косовски претпријатија од поранешните ју-републики. Српскиот министер изјави дека тие барања се поврзани со актуелните преговори меѓу Белград и Приштина во Брисел. „Тоа е алиби на косовските власти во одговор на критиките на опозицијата во врска со преговорите со Белград“ изјави Богдановиќ за РТС. Тој дополни дека е изненаден од барањето на Приштина и потсети дека договорот за сукцесија е потпишан во 2001 година меѓу поранешните републики од СФРЈ.
XS
SM
MD
LG