Достапни линкови

ОБСЕ загрижени за медиумскиот плурализам во Белорусија


Дуња Мијатович

Дуња Мијатович

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатович изрази загриженост за тужбите на белоруските власти со кои се бара затворање на два независни весници во земјата. Владината иницијатива за укинување на печатените медиуми следи по неколку предупредувања за нивното известување за бомбардирањето во метрото во Минск и претседателските избори во Белорусија. „Ваквиот потег на белоруските власти за замолчување на само неколку преостанати критички гласови во земјата, дополнително ќе го уништи медиумскиот плурализам“ изјави Мијатович.
XS
SM
MD
LG