Достапни линкови

Кекеши: Унгарија ќе стори се` за датумот за Македонија да се најде на агендата


Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ ќе стори се за прашањето за одредување датум за старт на преговорите на Македонија со ЕУ да се најде на маса на состанокот на Европскиот совет, изјави денеска унгарскиот амбасадор во Скопје Ференц Кекеши. „Постојат големи очекувања од унгарското претседавање и од наша страна ние ќе направиме се`. За позитивни резултати ни требаат земјите членки, Брисел и се разбира Македонија. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Нашиот премиер е навистина решен да го даде својот максимум“ рече Кекеши. Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој потсети на неговата неодамнешна посета на Унгарија, ги повтори очекувањата од унгарското претседателство
XS
SM
MD
LG