Достапни линкови

logo-print

Контратужба од „Службен весник“ до СРД


Тони Трајанов

Тони Трајанов

Јавното претпријатие „Службен весник“ и директорот Тони Трајанов денеска поднесоа кривична пријава и кривична тужба против Зоран Стефановски, претседател на Советот за радиодифузија поради постоење на сомненија за лажно пријавување на кривично дело и клевета. Директорот на „Службен весник“ Трајанов на средба со новинарите рече дека пријавата и тужбата се поднесени за да се докаже законското работење на Јавното претпријатие и да се отфрлат сомнежите дека тоа работи под чиј било диктат. „ЈП „Службен весник“ ги отфрла сите обиди за негово разорување и со индигнација ги отфрла сите обиди за негова дисквалификација“ рече директорот.
XS
SM
MD
LG