Достапни линкови

logo-print

„Панасоник“ ќе скрати 35,000 работни места


Еден од најголемите производители на бела техника „Панасоник“ соопшти дека ќе скрати 17,000 работни места низ целиот свет поради загубите предизвикани од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Јапонија на 11 март и предизвика цунами бранови. Станува збор за втора иницијатива за отпуштање на работници, по првонајавеното кратење на 18,000 работни позиции, со што се` на се` 35,000 вреаботени ќе ја напуштат компанијата . Првиот човек на фирмата Фумио Охтсудо најави продажба на одредени застапништва на „Панасоник“ со цел зголемување на рентабилноста. Гигантот денеска пријави загуба од половина милијарда американски долари.
XS
SM
MD
LG