Достапни линкови

logo-print

Македонија транзит за бегалци?


Бегалски камп

Бегалски камп

Според домашните експерти, не е неочекувано по воените дејствија со кои се зафатени африканските земји, и Македонија да се користи како транзитна земја кон ЕУ.

Последните случувања во Северна Африка и на Блискиот Исток го засилија бранот на имигранти од овие држави кон земјите од ЕУ. Во МВР не очекуваат да има поголем наплив на лица кои земјава би ја користеле како транзит, но велат дека во континуитет има засилени гранични контроли. Факт е дека сме имале проблем со имигранти од африканските земји како и од Пакистан и од Авганистан, како последица на непочитување на мултилатералнот договор со ЕУ за депортација. Според домашните експерти, не е неочекувано по воените
Да добиваме навремени информации за можните илегални правци на влегување кои се веќе познати на полицијата, значи со затворање на тие правци да допринесеме за безбедноста во Европа, воопшто кажано за овој проблем кој се појави во овој момент.
дејствија со кои се зафатени северноафриканските земји и Македонија да се користи како простор од каде ќе се транзитира.

Професор Владимир Пивоваров кој потсетува дека Македонија со имигранти веќе беше засегната како земја која примаше односно насилно и беа натурани имигранти од Грција, вели дека по воените дејствија на Блискиот Исток може да се повтори истата рута:

„Значи тоа е грчкото крајбрежје, потоа поминување на истата рута и доаѓање во Македонија.“

Негова проценка е дека е потребно преземање дејствија не само во делот на физичко обезбедување на граничните премини туку и
во оперативната техника која ја употребува граничната бригада. Тој нагласува дека многу битна е и употребата на оперативните врски:

Од МВР велат дека засега не очекуваат поголем наплив на бегалци

„Тоа се лицата кои живеат во пограничниот простор, да добиваме навремени информации за можните илегални правци на влегување кои се веќе познати на полицијата, значи со затворање на тие правци да допринесеме за безбедноста во Европа, воопшто кажано за овој проблем кој се појави во овој момент.“

Важно е Македонија да покаже зрелост и стабилност во спречување на ваквата појава, вели Пивоваров оценувајќи дека така ќе покажеме и капацитет дека може да се справуваме со вакви предизвици што се и предуслов за влегување во ЕУ. Македонија во однос на транзитирањето за граѓаните кои планираат да одат во земји од ЕУ претставува важно место и за криминални организации кои се занимаваат со оваа недозволена дејност и ја користат Македонија како земја за пренос за други правци или да престојуваат извесно време.
Значи тоа е грчкото крајбрежје, потоа поминување на истата рута и доаѓање во Македонија.

Според професор Стефан Буџаковски, потребни се превентивни мерки за да се работи на откривање на лицата кои се занимаваат со овие нелегални дејствија:

„Податокот дека доста лица од Македонија се вклучени во овој нелегален бизнис, тоа е еден од условите каде што може да се сомнева, и повторно да се искористат овие ситуација да одредени граѓаните од други држави да транзитираат кон земјите од ЕУ.“

Во изминатиот период се покажа дека сме транзит дестинација за луѓе од повеќе држави. Имаше примери и со курди од Турција како и со кинески државјани. Се користат различни нелегални начини.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG