Достапни линкови

Освен што изборите го одложија процесот на преговори за името, експертите не очекуваат брзо решение на проблемот ниту по нивно завршување.

Проблемот за името со Грција и воопшто надворешната политика нема да биде доминантна тема во оваа предизборна кампања, а изборите ќе го одложат текот на преговорите за неколку месеци, вели професор Димитар Мирчев.

И во меѓународната заедница и кај нас има расположение тој проблем што побрзо да се реши, вели Мирчев, но решението не зависи толку од нашата
Се надевам дека таа пресуда ќе биде поволна за нас и сигурно ќе влијае на текот на преговорите. Сигурно ќе биде сепак еден притисок врз Грција.
политика колку од тврдите ставови на нашиот јужен сосед.

На есен, според најавите, речиси истовремено, ќе се конституира новата власт во земјава и ќе дојде пресудата од Хашкиот суд во процесот Македонија против Грција, за кршење на времената спогодба. Мирчев вели дека исходот од судењето може да му даде нова динамика на решавањето на спорот.

Една од средбите на македонскиот државен врз и медијаторот Нимиц .Засега преговорите во мирување.

„Јас се надевам дека таа пресуда ќе биде поволна за нас и сигурно ќе влијае на текот на преговорите. Сигурно ќе биде сепак еден притисок врз Грција за да се дојде до некој компромис.“

Од друга страна, поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески вели дека македонската политичка елита се покажа неспособна да го реши тешкиот спор за името со Грција, да се обедини околу тоа решение и да ја турне
Одбрале да влезат во уште една нова битка на поделби.[...]Македонија по изборите ќе биде уште поподелено општество кое ќе има уште помали шанси да го реши овој проблем.
Македонија во евроинтегративните процеси.

„Одбрале да влезат во уште една нова битка на поделби од која е многу неизвесно како ќе излеземе, но едно е јасно дека Македонија по изборите ќе биде уште поподелено општество кое ќе има уште помали шанси да го реши овој проблем и да ја обезбеди иднината на Македонија.“

Малески вели дека по изборите ќе следува политичка нестабилност што не ветува брзо решение на спорот со Грција.

„Ние во Македонија не сме во состојба да поведеме еден стратешки дијалог сами со себе пред да излеземе надвор во светот и мислам дека дури и по изборите Македонија ќе влезе во една фаза на нестабилност која ќе биде спротивна на потребите на државата за единство и за решавање на овој многу тежок и емотивен проблем“, вели Малески.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG