Достапни линкови

Турција очекува од напади на Курдскта работничка партија


Протести на курдите во Дијарбекир во Декември 2010

Протести на курдите во Дијарбекир во Декември 2010

Турската полиција испрати предупредување до општините и силите за безбедност во црноморските окрузи за опасноста од терористички напади од Курдската работничка партија пред парламентарните избори, што ќе бидат одржани на 12 јуни.
Полицијата добила сигнали дека група од 30 до 35 членови на ПКК специјално е испратена во црноморскиот регион за да изведе терористички напади.
Според сознанијата на полицијата групата била составена од најопасните активисти на терористичката организација.
Безбедносните мерки се зајакнати по нападот од седми април врз полициското возило во Бојабат во округот Синоп.
XS
SM
MD
LG