Достапни линкови

Во Кина има 1,34 милијарди жители


Според последниот попис во Кина живеат една милијарда и 340 милиони луѓе. Националното биро за статистика објави дека населението во најбројната земја во светот е зголемено за 73.9 милиони, или речиси шест проценти, од 2000 до 2010 година. Резултатите од пописот, исто така, покажуваат дека кинескиот народ се старее.
Имено процентот на возраста од 14 или помалку години е паднат на 16,6 проценти, што е намалување за речиси 23 насто во 2000 година, додека процентот на население од 60 или повеќе години се зголеми на повеќе од 13 насто. Бројките покажуваат дека речиси половина од населението на Кина сега живее во урбани области што е зголемување од 36 проценти од пред 10 години.
XS
SM
MD
LG