Достапни линкови

Изостана договор за резолуцијата за осуда на насилството во Сирија


Петнаесете земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации не успеаја да постигнат договор за заедничката резолуција со која би се осудиле насилствата на сириските власти врз демонстрантите во кои загинаа стотици луѓе. Русија и Кина беа против усвојувањето на резолуцијата што ја иницираа Велика Британија, Франција, Германија и Португалија со која би се осудиле интервенцијата на војската и отворањето оган врз демонстрантите во Сирија. Рускиот заменик амбасадор во Обединетите нации Александар Панкин изјави пред Советот за Безбедност дека Москва не верува дека случувањата во Сирија претставуваат закана за меѓународната безбедност и предупреди дека надворешната интервенција во кризата може да доведе до граѓанска војна.
XS
SM
MD
LG