Достапни линкови

Израел и САД изразија загриженост за договорот за преодна палестинска влада


Израел и САД реагираа со загриженост за договорот меѓу палестинската Фатах и фракцијата Хамас да формираат преодна палестинска влада која ќе ги подготвува претстојните избори. Израел веќе го отфрли договорот за палестинска влада која го вклучува Хамас оценуавјќи дека мирот не би бил можен бидејќи Хамас продолжува да повикува на уништување на Израел. Вашингтон ја нарекува Хамас терористичка група.Во договорот објавен вчера Хамс и прозападниот палестински претседател Махмуд Абас односно неговата партија Фатах се согласија да формираат зедничка влада спроти изборите кои ќе се одржат за една година.Движењата Хамас и Фатах се во судир од 2007 та година кога Хамас ја презеде контролата врз појасот Газа.
XS
SM
MD
LG