Достапни линкови

Обама ја покажа крштеницата и побара прекин на глупостите


Барак Обама

Барак Обама

Белата куќа денеска ја презентираше крштеницата на американскиот претседател Барак Обама, како одговор на сомнежите дека шефот на државата не бил роден во Соединетите американски држави. Во кратка изјава за медиумите Обама рече дека со обелоденувањето на документот ќе се расчистат сомнежите. „ Немаме време за вакви глупости. Имаме поважни работи, имаме поголеми проблеми за решавање. Уверен сум дека ќе ги решиме ако се фокусираме на тоа а не на ова“ рече Обама, кој според крштеницата е роден во Хаваи.
XS
SM
MD
LG