Достапни линкови

Турската полиција дели таблети за да ја провери довербата на граѓаните


Турски полицајци облекле бели мантили и ставиле стетоскопи, преправајки се како лекари и да ја проверат довербата на граѓаните. Полицајците во Газиантеп посетиле домаќинства нудејќи им таблети на граѓаните со изговор дека прават истражување за влијание на висок крвен притисок. „Лекарите“ регистрирале дека во 86 домаќинства од 100 посетени, луѓето веднаш ги проголтале таблетите. Полицајците подоцна се вратиле за да ги предупредат граѓаните да бидат претпазливи, јавуваат турските медиуми. Полициските апчиња биле со плацебо ефект. Локална банда ја користела истата техника раздавајќи им на луѓе силни седативи по што ги ограбувале.туркеѕ
XS
SM
MD
LG