Достапни линкови

„Мангите пијат чај“ во Прилеп


Претставата „Мангите пијат чај“ во чест на јубилеите на двајца истакнати театарски уметници

Прилепскиот ансамбл на народниот театар „Војдан Чернодрински“ со својот последен проект, претставата „Мангите пијат чај“ од Драгослав Михајловиќ, а во режија на Коле Ангелевски одбележува јубилеи на двајца истакна дејци во оваа уметност.

Режисерот Ангеловски, го одбел
Затоа што навистина мене со прилепскиот театар ме поврзуваат многу, многу, многу убави спомени, многу убави претстави. А, второ е чувството на пријателство, на другарство.
ежува своето петдецениско творештво, со над 100 актерски и режисерски остварувања. А, Димитар Вандески слави четири децении креативна работа во прилепскиот театар, што е негова матична куќа.

Еве зошто Ангеловски одлучил со прилепскиот ансамбл да го одбележи јубијелот:

„Затоа што навистина мене со прилепскиот театар ме поврзуваат многу, многу, многу убави спомени, многу убави претстави. А, второ е чувството на пријателство, на другарство.“

Од прилепскиот театар му изразуваат благодарност за досегашната долгогодишна и успешна соработка.

„За нас претставуваше чест, се надевам за него и задоволство. Има досега во нашиот театар режирано 22 претстави, да ве потсетам на некои од нив: „Туѓо сакаме, свое не даваме“, „Кумови“, „Од кол на кол“, „Молам за секс“, антологиската претстава „Солунски патрдии“, која ја доживеа на нашта сцена 100-та изведба“, изјави Стојан Дамчески, директорот на театарот.
За нас претставуваше чест, се надевам за него и задоволство. Има досега во нашиот театар режирано 22 претстави, да ве потсетам на некои од нив: „Туѓо сакаме, свое не даваме“, „Кумови“, „Од кол на кол“, „Молам за секс“, антологиската претстава „Солунски патрдии“, која ја доживеа на нашта сцена 100-та
изведба.


А, доајенот на прилепскиот театар, Вандески вели дека не може да оддвои ниту една од бројните актерски рољи, зашто сите се дел од него.

„Тоа е куриозитет како актер-аматер добив награда на професионалните театарски игри, па следуваше моето вработување 1971 година. И еве Господ дал здравје, тоа трае, 40 години, при крај на работниот век, а се уште чувствувам енергија и желба за настап на сцената. Многу се и улоги и претстави, не можам ништо да издвојам оти е се дел од мене, сум дал во се. На крајот би сакал да изразам благодарност до прилепската публика која ме проследуваше сите овие години.“

А, приказната за претствата „Мангите пијат чај“, која е пишувана пред 30-ина години кореспондира и со оваа сегашност затоа што ги обработува судбините, го доловува актуелниот социјален миг, плетејќи ги поединечните приказни на луѓето на дното. Актерската игра е синхронизирана, дејството е поделено на три временски периоди, а ритамот бара концентрација од гледачот.

„Секој од овие ликови и најмалиот лик што се појавува, во овој текст, во оваа претстава носи своја приказна која што е интересна, драматична, трагична и целокупниот текст е така да речеме, тежок текст“, вели режисерот Ангеловски.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG