Достапни линкови

logo-print

Постоечките спортски објекти во Битола, салата „Младост“ и стадионот „Под Тумбе Кафе“ се руинирани.

Откорнати тавански плочи, покрив кој прокиснува, руинирани тоалети, трибина без седишта. Вака денес изгледа спортската сала „Младост“ во Битола. Додека низ државата се градат нови спортски објекти, долго време не е инвестирано во една од најголемите сали во земјава, а вработените се жалат дека не зеле плата осум години. Со салата последната деценија управува јавното претпијатие за стопансисување со спортски објекти со седиште во Скопје.

„Од 2000 година, откако се основа претпијатието кое раководи со салата немаат ставено ни шајка. Капи цела сала, раскапана е, делови од таванот испаднаа. Се
Натпревари имаме, а едно време имаше и концерти. Условите се нула. Пари се ваеја, а не знаеме каде се. До ден денес немаме земано плата. Досега имаме добиено две пресуди за тоа, сега пак треба да тужиме од 2008 до 2010 година. Со кои пари ќе тужиме кога денар немаме
земено.
мачиме, заваруваме, потпираме со аголни цевки. Од девет вработени останавме четворица, а плата немаме земено од 2003 година, придонеси не ни се платени, здравствени картончиња не знаеме како изгледаат, дојдени сме на питачки стап.“

„Парите одат во Скопје. Работиме ние без пари. Пари вадиме, пари не земаме.“

„Натпревари имаме, а едно време имаше и концерти. Условите се нула. Пари се ваеја, а не знаеме каде се. До ден денес немаме земано плата. Досега имаме добиено две пресуди за тоа, сега пак треба да тужиме од 2008 до 2010 година. Со кои пари ќе тужиме кога денар немаме земено“, реагираат вработените.

Во позавидна ситуација не е ни фудбалскиот стадион „Под тумбе кафе“, некогашната гордост на Битола, каде во минатото имаше гостувано познатата ју фудбалска четворка „Црвена ѕвезда“, „Партизан“, „Динамо“ и „Хајдук“. Со него денес управува истото претпријатие.

Разочарани се и љубителите на спортот во Битола.

„Стадионот нема добри услови, има дупки. Но, се трудиме, се мачиме,
Стадионот нема добри услови, има дупки. Но, се трудиме, се мачиме,
тренираме.
тренираме.“

„Стадионот беше полн на времето, а сега нема ни 20 лица. Нема интерес, дојде време кој како сака да прави.“

„Оваа сала сега е дадена на државата и екипите не можат да тренираат зашто пари се бара.“

Директорот на јавното претпијатие, Михајло Бајо вели „ние имаме долгови од концесионерите против кои поднесовме тужби. Откако ќе ги наплатиме очекуваме да се исплатат побарувањата кон вработените. Но, тие зеле претходно дел од платите со цесии. Во септември планираме да направиме голем зафат за реновирање на спортската сала. Имаме доставено и проект за реновирање на стадионот до Владата со надеж дека финансиски ќе ни помогне“, изјави Бајо.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG