Достапни линкови

logo-print

Верските заедници незадоволни од медиумите


Одржана дебата меѓу поглаварите на верските заедници во организација на Конрад Аденауер и Институтот за демократија.

На дебатата меѓу поглаварите на верските заедници од земјава за известувањето на медиумите за нивната работа, новинарите немаа право да прашуваат и присуствуваат, туку само да пренесат дека средбата беше
Ние сметаме и нашата определба е медиумите, ако постојат скандали, да ги откреиваат. Но, јас сум против тоа да се создаваат скандали каде што ги нема, тоа не е информација, не е новинарство, туку дезинформирање. А, она што е најважно за мене е да имаме независно новинарство.
одржана. Консултативниот состанок беше организиран од Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија во рамки на проектот „Толеранција, дијалог, соработка“, односно промовирање на меѓурелигискиот дијалог преку градење на капацитети за медиумите.

По нејзиното завршување единствено свое излагање имаше поглаварот на ИВЗ, Реис-Ул-Улема Сулејман Реџепи, кој одби да одговара на новинарските прашања. Според Реџепи, односот меѓу верските заедници и новинарите треба да се развие на повисок степен за на граѓаните да им биде пренесена правата вистина.

„Ние сметаме и нашата определба е медиумите, ако постојат скандали, да ги откриваат. Но, јас сум против тоа да се создаваат скандали каде што ги нема, тоа не е информација, не е новинарство, туку дезинформирање. А, она што е најважно за мене е да имаме независно новинарство.“
Причината поради која претставниците на црковните верници можеби не сакаат воопшто да се известува за нивните настани е тоа што се разочарани. Тоа што стравуваат или се повредени поради тоа што медиумите некогаш за нив погрешно информирале или информирале во скусена варијанта која несоодветствува на реалноста која тие сакале да биде
презентирана.

Австриски експерт за медиуми и верски прашања, Маркус Марчалек, кој учествуваше на дебатата, вели дека постои тензија меѓу односот на медиумите и верските заедници. Според него, поглаварите на верските заедници не сакаат да се известува за нив, бидејќи се разочарани од начинот на кој се пренесени информациите во медиумите.

„Причината поради која претставниците на црковните или верниците можеби не сакаат воопшто да се известува за нивните настани е тоа што се разочарани. Тоа што стравуваат или се повредени поради тоа што медиумите некогаш за нив погрешно информирале или информирале во скусена варијанта која несоодветствува на реалноста која тие сакале да биде презентирана.“

Марчалек додава дека од истите причини тие се плашат да бидат отворени за медиумите.

„Можеби претставниците на религиозните заедници не се доволно транспарентни, бидејќи се плашат дека нивните изјави нема да бидат презентирани на автентичен начин.“

Според Марчалак, медиумите имаат допир до граѓаните и затоа верските заедници треба да ја искористат таа шанса за преку нив да ги искажат своите пораки.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG