Достапни линкови

logo-print

Милошоски утре ќе се сретне со Бан Ки Мун


Антонио Милошоски

Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски утре во Њујорк ќе се сретне со Генералниот Секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, соопшти Министерството за надворешни работи. На средбата е предвидено Милошоски да ја претстави македонската кандидатура за членство во Советот за човекови права за периодот 2013-2016 година, да информира за текот на македонско-грчкиот политички дијалог под покровителство на Обединетите нации и да ја претстави меѓународно-правната димензија на македонско-грчкиот случај пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Како што информира МНР, се очекува и да бидат разменети мислења во врска со процесот на реформи на Обединетите нации, како и за состојбите и последните случувања во Северна Африка и на Блискиот исток.
XS
SM
MD
LG