Достапни линкови

logo-print

Јосиповиќ: Сите земји од балканскиот регион треба да станат членки на ЕУ


Меѓу Бугарија и Хрватска постои добра соработка и трговско-економски односи, но јас верувам дека има можност за зголемување на инвестициите меѓу двете земји. За нас е важна регионалната соработка и бугарскиот пример во контекст на членството во ЕУ, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ за време на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Јосиповиќ му изрази благодарност на премиерот Борисов за исклучителната поддршка која бугарската Влада ја дава за евоинтеграцијата на Хрватска. „Сметам дека сите земји од балканскиот регион треба да станат членки на ЕУ“ оцени шефот на хрватската држава. Борисов повторно ја потврди својата поддршка за приклучувањето на Хрватска во Унијата и ја декларира помошта на Бугарија во тој контекст и за во иднина.
XS
SM
MD
LG