Достапни линкови

logo-print

Откажана воената парада во Авганистан


Авганистанската влада денеска одлучи да ја откаже годишната воена парада. Одлуката е донесена од „безбедносни причини“ соопштија од Министерството за одбрана. Во 2008 година бунтовници стрелаа кон бината од која претседателот Хамид Карзаи, заедно со странски дипломати, го следеа настанот. Карзаи беше неповреден, но во инцидентот загинаа три лица. Денеска талибанците ја превземаа одговорноста за убиството на осуммина војници во база на мисијата ИСАФ во Кабул. Парадата беше закажана за утре, како настан со кој се одбележуваа 19 години од падот на последната комунистичка влада во земјата.
XS
SM
MD
LG