Достапни линкови

Русија ја бара белоруската компанија за гас во замена за заем


Русија потврди дека бара начини за превземање на целосна контрола над белоруската компанија за дистрибуција на природен гас. Тоа е дел од условите кои руските власти ги поставуваат за обезбедување на итен заем за Белорусија. Новинската агенција „Интерфакс“ ја пренесува изјавата на рускиот амбасадор во Минск Александар Суриков, кој вели дека Русија бара 50 процентен удел во компанијата Белтрангас, фирма во која половина од капиталот веќе е во сопственост на рускиот државен „Газпром“. Инаку, Белорусија бара 3 милијарди американски долари помош од Русија.
XS
SM
MD
LG