Достапни линкови

Пацоли ќе биде вицепремиер на Косово


Беџет Пацоли, кој на функцијата шеф на косовоската држава беше само 35 дена, во иднина ќе ја извршува функцијата потпретседател на косовската Влада, јавија медиумите. Пацоли, кој е лидер на партијата АКР (Алијансата за Ново Косово) што е дел од владејачкото мнозинство, ова го договорил со премиерот Хашим Тачи на вчерашната неколкучасовна средба што ја имале во владата во Приштина. Како што пренесуваат косовските медиуми, Тачи му ветил на Пацоли уште две министерски места, едното ќе го отстапела неговата Демократска партија и едното во Министерството за дијаспора, кое наскоро ќе се формира. Главните активности во кои ќе даде свој максимум, според Пацоли, се лобирањето за призанавањето на Косово и влез на странски инвестиции.
XS
SM
MD
LG