Достапни линкови

Тензии меѓу медиумите и верските заедници


Проблемот меѓу медиумите и црковните заедници постои, а односот меѓу нив е исполент со тензии кои произлегуваат од различни историски настани, смета австриски експерт. „Затоа постојат стравови и негативни искуства. Задача е да се анализираат тие негативни искуства. Религиозните заедници треба да ја искористат шансата своите пораки да ги презентираат преку медиумите“ изјави експертот за медиуми и верски прашања Маркус Марчалек по состанокот на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ со поглаварите на верските заедници во Република Македонија. Според него, причината поради која претставниците на црковните заедници можеби не сакаат воопшто да се известува за нивните настани е тоа што се разочарани, тоа што стравуваат или се повредени поради тоа што медиумите некогаш за нив погрешно информирале или тоа го направиле во една скусена варијатна која не соодветствува на реалноста која тие сакале да биде презентирана.
XS
SM
MD
LG