Достапни линкови

logo-print

Проектот „Трилогија Романа“ ќе го отвори 51. „Охридско лето“


Педесет и првото издание на фестивалот „Охридско лето“ на 12 јули на Античкиот театар свечено ќе биде отворено со спектаклот „Трилогија Романа“, во продукција на шпанската компанија „Ла Фура делс Баус“ и во изведба на Македонската филхармонија. Изведбата во Охрид ќе биде дел од светската премиера на ова дело на италијанскиот композитор Оторино Респиги, кое пред тоа ќе го видат и гледачите во Рим и во Валенсија. Се работи за грандиозен проект составен од три дела „Фесте Романе“, „Фонтане ди Рома“ и „Пини ди Рома“. На сцената на Антички ќе бидат поставени два екрана со 3Д видеоматеријал, а меѓу нив ќе биде оркестарот на Филхармонијата што ќе го води диригентот Андреас Вензер. Уметничкиот дирекор на „Ла Фура делс Баус“ Карлус Падриса на прес-конференција во Скопје рече дека проектот е соработка на фестивалите во трите града (Охрид, Рим и Валенсија) и дека заедничко за сите нив е водата како симбол на животот.
XS
SM
MD
LG