Достапни линкови

Најавена средба на министрите за надворешни работи на Египет и Иран


Набил ал Араби

Набил ал Араби

Министерот за надворешни работи на Египет Набил ал Араби најави дека идниот месец ќе се сретне со неговиот ирански колега Али Акбар Салехи, со кого ќе разговара за односите меѓу двете земји. Двајцата министри би требало да се сретнат во Индонезија. Нормализирањето на односите меѓу двете држави нема да влијае на безбедноста на арапските монархии во Персискиот залив, смета египетскиот министер Араби. Билатералните врски меѓу Египет и Иран се заладија откако египетските власти пред 30 години го признаа Израел.
XS
SM
MD
LG