Достапни линкови

Директорот на ЦИА ќе биде новиот секретар за одбрана на САД?


Леон Панета

Леон Панета

Американските медиуми јавија дека директорот на ЦИА Леон Панета ќе биде назначен за нов државен секретар за одбрана, на местото на Роберт Гејтс, кој го најави своето заминување годинава. Медиумите се повикуваат на неименувани извори од американската државна администрација и јавуваат дека откако Панета ќе ја превземе функцијата државен секретар за одбрана, на челната позиција на ЦИА ќе биде поставен генералот Дејвид Петраеус, сегашен шеф на американските операции во Авганистан. Генералот Џон Ален би требало да го замени Петраеус во Авганистан.
XS
SM
MD
LG