Достапни линкови

Македонците се против нуклеарната енергија


Мнозинството граѓани на Македонија се против употреба на нуклеарна енергија како начин за производство на електрична енергија, покажува анкетата што ја спроведе „Брима Галуп Интернешнл“ по катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија, и радиоактивното зрачење од нуклеарната централа „Фукушима“. Против нуклеарна енергија се изјасниле 71 отсто од анкетираните Македонци, 19 проценти ја поддржуваат, а 10 отсто немаат мислење за тоа. За споредба, пред земјотресот во Јапонија и случувањето со „Фукушима“, атомската енергија како начин за производство на струја ја поддржувале 21, а против биле 67 отсто од македонските граѓани. Единаесет проценти немале конкретно мислење. За земјотресот во Јапонија слушнале 98 отсто од анкетираните Македонци, а 89 проценти знаат за истекувањето на радијација од нуклеарната централа „Фукушима“.
XS
SM
MD
LG