Достапни линкови

logo-print

Ердоган ја најави изградбата на „Каналот Истанбул“


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер најави изградба на нов воден пат со цел да се намали сообраќајната оптеретеност на Босфорот. Реџеп Таип Ердоган рече дека „Каналот Истанбул“ ќе биде широк 150 метри со должина од 40 километри. Каналот би требало да ги спојува Црното со Мраморното море, обезбедувајки излез кон Медитеранот. Премиерот не обелодени повеќе детали за проектот нити пак ги кажа трошоците за ископување на каналот. Се предвидува проектот да се комплетира до 2023 година. Најавата на Ердоган се случува пред одржувањето на парламентарните избори кои се закажани на 12 јуни. Опозициските партии нагласуваат дека ова е само празно предизборно ветување, со цел да се привлечат гласовите на жителите на најголемиот град во земјата.
XS
SM
MD
LG