Достапни линкови

Мост ќе ангажира 3,500 набљудувачи за предвремените избори


Граѓанската асоцијација МОСТ со повеќе од 3.500 набљудувачи во сите шест изборни единици ќе го набљудува изборниот процес во Република Македонија. Покрај тоа МОСТ ќе распореди свои набљудувачи во дел од македонските дипломатско-конзуларните претставништва во странство каде на предвремените парламентарни избори треба да гласа дијаспората, најави денеска претседателот на организацијата Дарко Алексов. Тој додаде дека оваа бројка на набљудувачи е вообичаена, односно оти со исто толкав број набљудувачи биле следени последните шест изборни циклуси.
XS
SM
MD
LG