Достапни линкови

Нокиа ќе отпушти 4000 работници


Финскиот производител на мобилни телефони Нокиа соопшти дека ќе скрати 4 илјади работи места низ светот до крајот на 2012 година. Овој потег следува поради загубите што ги претрпе компанијата која се соочува со голема конкуренција од нејзините ривали на пазарот со таканаречени смарт телефони. Главните кратења ќе бидат во Данска и Британија. Во февруари Нокиа соопшти дека ги здружува силите со Мајкрософт во користењето на Виндоус 7 на нејзините мобилни телефони со цел да им конкурира на Ејпл и Гугл.
XS
SM
MD
LG