Достапни линкови

logo-print

Во Македонија не е утврдена минималната плата за работниците, а ССМ смета дека тоа ќе придонесе за поголема социјална сигурност на вработените

Сојузот на синдикатите на Македонија стартува кампања под мотото „Минимална плата – потреба и обврска за материјална и социјална сигурност на вработените“. Претседателот на синдикатот Живко Митревски вели дека од формирањето на земјава не е утвредена минималната плата за разлика од примерот на другите земји од Балканот и во речиси сите членки на ЕУ.
Со оглед на тоа што е формиран и функционира економско социјалниот совет се отвораат можностите за започнување преговори околу утврдување на минимална
плата.
Според него има многу.причини зошто тоа право на работникот досега не било регулирано.

„Често пати се поаѓаше од тезата дека ние сме држава во транзиција, дека постојано има одредени причини, дали во делот на немање финансиски средства, или немање посериозен дијалог меѓу социјалните партнери, непостоење желба кај социјалните партнери. Ние сметаме дека со оглед на тоа што е формиран и функционира економско социјалниот совет се отвораат можностите за започнување преговори околу утврдување на минимална плата.“

Професор Осман Кадриу вели дека во Законот за работни односи се уредени прашањата за минималната плата, според кој при исплаќањето на истата треба да се почитува најнискиот износ определен со колективен договор. Кадриу смета дека при определувањето на минималната плата треба да се земе предвид стандардот и животните услови, а не да се исплатуваат износи кои претставуваат симболичен надоместок.

Протест на ССМ во Октомври 2009

„Работодавачот, секој за себе, согласно законот и колективниот договор, треба да да настојува да се обезбеди таа минимална плата, а законодавеоцот и колективниот договор треба да го зголемат тој износ согласно трошоците за артиклите и потребите на граѓаните.“

Митревски вели дека целта на утврдувањето на минималната плата е да се обезбеди подобар живот на работникот.
Се утврдува можност, еднаш дефинитивно да се утврди прагот под кој работникот не ќе може, а да не прими плата.

„Се утврдува можност во Република Македонија еднаш дефинитивно да се утврди прагот под кој работникот не ќе може, а да не прими плата. Тоа значи дека ќе обезбедува поголема материјална, социјална и економска сигурност за неговиот труд.“

Според податоците на европската агенција за статистика Еуростат за 2010 година, најниска просечна нето плата од 112 евра има во Бугарија, а највисока во Луксембург, каде изнесува 1610 евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG