Достапни линкови

Харвардски експерт нов лидер на тибетската влада во егзил


Лобсанг Сангај

Лобсанг Сангај

Лобсанг Сангај, 43 годишен студент од Харвард и експерт по меѓународно право е избран за нов лидер на тибетската влада во егзил. Тој треба да ги преземе политичките одговорности од Далај Лама кој во минатиот месец реши да се повлече. Сангај е роден во Индија и никогаш не живеел или пак го посетил Тибет. Тој беше еден од тројцата кандидати за кои се изјаснуваа илјадници тибетанци. Владата која се бори за поголема автономија на Тибет од Кина се наоѓа во егзил во Индија и досега не е призната од ниту една држава во светот.
XS
SM
MD
LG