Достапни линкови

Во Токио, средба Милошоски, Мацумото


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски

Подигање на нивото на дипломатско претставување на Македонија во Јапонијa, склучување договор за техничка соработка и кандидатурата на Македонија за членство во Советот на ОН за човекови права, беа темите на разговорите меѓу шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и неговиот јапонски колега Такеаки Мацумото. На средбата во Токио станало збор и за актуелната состојба во Јапонија, по катастрофалниот земјотрес и цунамито што ја погодија земјата. ,,Се надеваме дека оваа нација ќе ги преброди овие критични моменти,, изјави Милошоски, нагласувајќи дека Скопје не ја заборава јапонската помош по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
XS
SM
MD
LG