Достапни линкови

logo-print

Погребан индискиот гуру Саи Баба


Илјадници луѓе се собраа на погребот на Сатија Саи Баба еден од највлијателните индиски духовни лидери кој имаше многубројни следбеници во целиот свет. Саи Баба беше погребан во градот Путапарти каде што ги служеше неговите обреди. Индусите вообичаено ги кремираат мртвите, но Саи Баба беше погребан што е според индуските обичаи за свето лице. Тој беше познат по неговите исцелителски моќи и беше почитуван поради донациите за изградба на училишта и болници. Имаше и такви кои за него велеа дека бил шарлатан кој користел магични трикови.
XS
SM
MD
LG