Достапни линкови

Гејтс: без одлука за повлекување од Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека администрацијата на претседателот Барак Обама се уште не решила колку американски војници би требало да бидат повлечени од Авганистан од јули годинава. Гејтс прецизира дека се уште не примил никакви препораки за повлекување од генерал Дејвид Питреус кој командува со странските сили во таа земја. Обама најави дека ова лето ќе почне повлекувањето на околу 100 илјади американски војници кои учествуваат во борбите против талибанците во Авганистан.
XS
SM
MD
LG