Достапни линкови

Во Скопје, меѓународни саеми за туризам и за медицина


Скопје

Скопје

Од денеска до 29 април во Метрополис арената на Скопски саем ќе се одржува Првиот меѓународен саем на туризам „Скопје травел маркет 2011“, на кој своите понуди ќе ги претстават голем број субјекти во областа на туризмот од Македонија и од странство. Истовремено ќе се одржува и 29. Меѓународен саем на медицинска, дентална и фармацевтска опрема, инструменти, потрошен материјал и лекови. На отворањето на двата саема ќе има изложба на народни носии од различни региони во Македонија и дегустација на македонска храна и пијалаци. Во рамките на саемот за туризам, на Скопски саем денеска ќе се одржи и конгрес за туризам на тема „Влијание на турзимот врз економскиот развој“.
XS
SM
MD
LG