Достапни линкови

Либија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН


Либија ја повика Русија да свика итна седница на Советот за безбедност на ОН за, како што ја нарекува, западната агресија врз оваа земја. Како што јави либиската агенција Џана, состанокот би бил посветен на неумерената колонијална и крстоносна агресија на чиј удар се либиски цивилни цели и лидерот Моамер Гадафи, што, како што се наведува, претставува кршење на две резолуции на Советот за безбедност и на меѓународните спогодби. Претходно, рускиот премиер Владимир Путин остро ја критикуваше западната коалиција, истакнувајќи оти таа нема право да го убие Гадафи. Тој го нарече Гадафи монарх, но додаде дека таков вид на владеење одговара на менталитетот на народот во регионот.
XS
SM
MD
LG