Достапни линкови

logo-print

Гејтс: Гадафи не е цел на нападите на НАТО


Роберт Гејтс

Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека либискиот лидер Моамер Гадафи не е цел на авионите на САД и на НАТО, туку командните центри на либиската војска. По состанокот со својот британски колега Лијам Фокс, Гејтс сепак истакна дека местата од кои се командуваат либиските сили и натаму ќе бидат изложени на ризик да бидат нападнати.
Во завчерашните воздушни напади на НАТО тешко се оштетени делови на претседателската палата во Триполи, а претставник на либиската влада тоа го осуди како неуспешен обид за атентат.
XS
SM
MD
LG