Достапни линкови

Обама е за укинување на даночните олеснувања на нафтените компании


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот веднаш да ги укине даночните субвенции на компаниите за нафта и гас, во настојувањата да ја ограничи политичката штета што ја трпи поради постојаното поскапување на бензинот. Како што јавува Вашингтон Пост, во писмото до републиканските и демократските челници во Конгресот, Обама повикува на итни мерки со кои би се вратиле повеќе од 4 милијарди долари неоправдани даночни олеснувања, додавајќи оти е подобро парите да се потрошат на развој на нова технологија со која ќе се намали цената на горивото во земјата.
XS
SM
MD
LG