Достапни линкови

Бензините од денеска поскапи за два денара


Бензините во Македонија од полноќ се поскапи за два денара по литар, а цената на дизел горивата и натаму е иста. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, литар од најскапиот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 сега чини 78,50 денари.
Како причина за зголемување на цената на нафтените деривати се посочуваат повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
XS
SM
MD
LG