Достапни линкови

logo-print

Утре ќе се формира коалициска влада во Јемен?


Али Абдула Салех

Али Абдула Салех

Претставници на власта и опозицијата од Јемен утре ќе отпатуваат во Рија, каде би требало да потпишат документ со кој би се смириле протестите во земјата. Претставник на власта изјави дека добиле покана за потпишување на договорот во Саудиска Арабија. Станува збор за документ изготвен во согласност со предлогот на неколку персиски држави за формирање на коалициска влада во Јемен. Претседателот Али Абдула Салех се согласи со предлогот, согласно кој лидерот ќе ја предаде власта на неговиот заменик во рок од триесет дена. За возврат, претседателот кој е на власт 32 години бара имунитет од кривично гонење за него и неговите синови.
XS
SM
MD
LG