Достапни линкови

Бензините од утре поскапуваат, одлучи Регулаторната комисија


Бензините од утре поскапуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,36, односно 0,93 отсто. Како причина за зголемување на цената на нафтените деривати од РКЕ ја посочуваат за за 3,07 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 дневен период.
XS
SM
MD
LG