Достапни линкови

Прилеп доби нова општинска зграда


Новата општинска зграда во Прилеп
Новата општинска зграда во Прилеп

Во поранешниот дом на АРМ ќе бидат сместени сите служби на локалната самоуправа во Прилеп.

Прилеп и прилепчани добија нова општинска зграда, грандиозен објект со современо архитектонско решение изградено на просторот од поранешниот дом на АРМ. На површина од 2150 м2 во овој репрезентативен објект, вреден 1,8 милиони евра ќе бидат сместени сите служби на локалната самоуправа. Преку имплементација на
За жал, на разочарување на сите, уште еднаш се покажа тесноградоста, егоизмот и нихилизмот на социјалдемократите од нашиот град.
едошалтерскиот систем, според најавите, граѓаните за 48 часа ќе добиваат адекватни услуги од локалните ресори.

„Новото решение и функционалната просторна организираност, особено отворените канцеларии од океански тип ќе придонесат кон приближување на Општината до граѓаните преку унапредување на меѓусебната комуникација и зголемување на транспарентноста и отчетноста за работата на Општината кон граѓаните“, истакна Ане Лашкоска, шеф на кабинетот на градоначалникот Марјан Ристески.

Но, новата општинска зграда ги разбранува политичките страсти на партиите во предизборието. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ веднаш стигнаа обвинувања и напади на адреса на социјалдемократите, чие отсуство било забележано како што рекоа, не само од партиското членство, туку и од другите структури кои присуствуваа на свеченоста по повод ставањето во функција на објектот.
Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ од секоја општествено корисна пригода, прави чисто партиски настани. Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ се однесува како во оваа држава да започнало се со нив, од пред
5 години.

„За жал, на разочарување на сите, уште еднаш се покажа тесноградоста, егоизмот и нихилизмот на социјалдемократите од нашиот град. Осудата ја искажаа сите присутни, бидејќи на ваков начин не се покажува политичка зрелост, сериозност и почит, не спрема нашите сограѓани, туку кон институцијата локална самоуправа, премиер, градоначалник и владика на МПЦ“, обвини Димитар Стевананџија, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На овие обвинувања прилепските социјалдемократи одговараат со нов напад.

„Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ од секоја општествено корисна пригода, прави чисто партиски настани. Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ се однесува како во оваа држава да започнало се со нив, од пред 5 години. Не смееме да заборавиме еден факт кој вие намерно го пропуштате. Домот на АРМ во Прилеп и беше доделен на Општината во 2006 година, кога беше СДСМ на власт. Овој проект беше планиран токму тогаш, а не како што велите дека се започнува со ВМРО-ДПМНЕ“, реагира Еленче Ташкоска, пренесувајќи го ставот на прилепските социјалдемократи.

„Се додека ВМРО-ДПМНЕ се однесува како во оваа држава се да започнало со нив и поради нив и се додека СДСМ по сите стандарди и прописи на политичкото однесување на биде поканувана, нема да присуствуваме на вакви настани“, рече Ташкоска.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG