Достапни линкови

ДИК нема пари за избори и прочистен избирачки список


Борис Кондарко

Борис Кондарко

Државната изборна комисија побара од Државниот завод за статистика, Министерството за финансии, МВР и МНР поажурно да работат на исполнување на своите законски обврски за организирање и спроведување на предвремените парламентарни избори. Претседателот на ДИК Борис Кондарко на денешната прес-конференција посочи дека досега, и покрај две писмени укажувања, ДЗС не им го доставил прочистениот Избирачки список во електронска форма од кој ќе бидат избришани сите малолетни лица кои заклучно со денот на изборите нема да наполнат 18 години и лицата кои се починати 30 дена пред нивното распишување. Министерството за финансии не ги префрлило до ДИК потребните средства за организирање и спроведување на изборите, а МНР се уште не ги превзело сите дејствија за да се спроведе гласањето во дијаспората.
XS
SM
MD
LG